Својата историја „Дестилерија Плетварски“ почнува да ја испишува во не толку далечната 2017 година со експериментална работа на ракии од грозје, тревки, вишни, цреши, праски и други возбудливи идеи. Дестилеријата е сопственост на Лазар Плетварски, енолог со повеќе од 20 години искуство во произвотството на вина и ракии.

Производниот погон се наоѓа близу центарот на Кавадарци, капацитетот достигнува 2 500 литри на годишно ниво. Погонот од 80 м2 е изграден со цел на исполнување на сите стандарди и поставување пример во сегментот на малите производители на жестоки алкохолни пијалоци.

Процесот на ферментација поминува во иноксни садови а процесот на одлежување во дабови буриња каде се создава магијата на рафинираниот комплекс и аромата на ракијата. Процесот на дестилација се врши на мал традиционален дестилационен уред (казан) со цел да се зачува целиот ароматски потенцијал од грозјето.

…и на крај …нашите производи се создадени со многу љубов, бавно и внимателно, за пријатели и добри луѓе…

Copyright © 2023 | Pletvarski Distillery

Scroll to Top

Дали имате
18 години?

Дестилерија Плетварски произведува алкохолни пијалаци. За да продолжете, потврдете дека сте полнолетни

Немате пристап до оваа содржина

За да продолжите, потребно е да имате наполнето најмалку 18 години. Ви благодариме на разбирањето.

Solaris IntelligencePowered bySolaris IntelligenceBuilt & hosted bysajtovi.mk